Кирилов: САД ги признаа био-истражувањата врз немоќните Украинци

Американските претставници признаа дека спроведувал биолошки истражувања во Украина врз сиромашни граѓани и пациенти во психијатриските клиники, изјави во понеделникот Игор Кирилов началникот на војските за биохемиска и радијациска одбрана на руската армија.

На почетокот од септември во Женева се одржа состанокот на постојаните претставници и делегации на земјите членки на Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсичното оружје, (BTWC), на кој руските претставници покренале повеќе од 20 прашања за нелегалните активности на Украина и САД во оваа сфера.

„Крајно неубедливи беа објаснувањата од САД и Украина во врска со изнесувањето на соевите и биоматеријалите добиени од украинските граѓани и почитувањето на етичките стандарди при спроведување на истражувањата врз војниците, граѓаните со ниски примања, како и една од најранливите категории на населението – пациентите во психијатриските болници. Во текот на дискусијата за ова прашање, американската делегација ги призна таквите факти, притоа истакнувајќи дека трансферот на примероци од патогени биоматеријали во САД ‘било ретко’“, изјавил Кирилов во понеделникот на брифингот за новинарите во Москва.

Според него, украинската страна, исто така, одбила да го објасни итното уништување на документацијата за воено биолошката програма, велејќи дека не се наоѓа во судница.

Во меѓувреме Русија добила документација којашто, како што рекол Кирилов, укажува дека Украина се обидува да прекине соработката со одделот за намалување на заканите при Министерството за одбрана на САД (DITRA).

„Така, во април 2013 година, меѓуресорската комисија составена од претставниците на Службата за безбедност на Украина (СБУ – разузнавање), Министерството за аграрна политика и Државната ветеринарна служба на Украина донеле заедничка одлука за нецелисходноста од продолжувањето на проектите на DITRA во Украина, но наметнувањето на проектите врз Киев од страна американската администрација продолжило“, појаснил Кирилов.

Тоа, додал, го потврдува и обраќањето на американскиот амбасадор во Киев, Џон Тефт, од февруари 2013-та во кое бара од министерот за аграрни политики да го олесни продолжувањето на проектот на DITRA за четири години.

Истовремено од руското Министерство за одбрана соопштија дека под притисок на САД на состанокот во Женева учествувале само претставници на 89 од вкупно 184 земји членки на Конвенцијата. Притоа, повеќе половина од делегациите кои имале обраќање односно 22 од 43, ја поддржале руската или заземале неутрална позиција во врска со американските биолаборатории во Украина.

„Руското обраќање натера многу држави да размислуваат од соработката со Пентагон во воено биолошката сфера“, заклучил Кирилов.

Во мај на прес-конференција Кирилов истакна дека по почетокот на руската инвазија на крајот од февруари имало обиди за прикрување на инволвираноста на САД во таквите експерименти, стрручњаците кои ги вршеле овие биолошки истражувања пристигнале во Украина преку територии на трети земји. Во јануари 2022 година, странските државјани кои ги изведувале експериментите биле итно евакуирани, а опремата и препаратите кои ги користеле биле пренесени во западните региони на Украина во близина на полската граница, тврдеше Кирилов.

Претходно тој изјави дека постојат документи кои посочуваат на тестирање на потенцијално опасно биолошки препарати врз поциентни на регионалната клиничка психијатриска болница Бр.3 во Харков.