![majkl i kirk daglas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/majkl-i-kirk-daglas.jpg?resize=660%2C330&ssl=1)
Кирк Даглас поголемиот дел од своето богатство (се калкулира со бројки помеѓу 60. и 80. милиони долари) го оставил во хуманитарни цели, а светот коментира дека не му оставил ништо на својот син Мајкл.
Но, ако сме искрени, Кирк на Мајкл му остави повеќе од милиони долари. Му го остави своето презиме и талентот за глума. Умешноста на Мајкл Даглас го доведе до богатство од повеќе од 300. милиони долари, башка невдижностите по цел свет.
Неговата сопруга Кетрин Зита Џонс е исто така финансиски во добра состојба а нејзиното богатство се проценува на околу 100. милиони долари.
Впрочем, Мајкл Даглас често зборуваше дека неговиот татко е голем филантроп, за живот, кој помага секаде каде може. Кирк Даглас тоа го докажа и со својот тестамент.