Американскиот филнмски институд во 1999 година објави листа со 50 легенди од „златната ера“ на Холивуд, а од нив денес се живи само три: 84-годишната Софија Лорен, 91-годишниот Сидни Поатје и Кирк Даглас кој во неделата наврши 102 години.
„Ќе имаме забава за семејството и за најблиските пријатели. Ќе дојдат сите мои момчиња и многи внуци. И добрите пријатели, како Џефри Кацберг, Стивен Спилберг и Рон Мајер“, изјавил Далгас за агенцијата DPA.
Берт Ланкестер го издвојува како колега од златниот период на Холивуд кој намногу му недостига. „Ми недостигаат моите стари пријатели, како што е Берт Ланекстер. Го викав ’Боит’, а тој мене ’Коик’. Беше прекрасен пријател, многу ми недостига“, вели Даглас.
Најголемата желба за 102-от роденден му е светот да стане подобор место за живеење. „Има толку многу нетрпеливост… Сакам луѓето едни кон други да бидат пољубени и да покажат повеќе почитување“, вели холивудската легенда.
Германската новинска агенција го потсетува дека своевремено предупредувал на изборот на Доналд Трамп за американски претседател и на говорот на омраза кон имигрантите. „Тоа се’ уште ме загрижува. Светот е во голем неред и ни треба да го поправиме, поради нашите деца и внуци. Пукањата се секојдневни, од училишта до синагоги. Луѓето на улиците се претепуваат и убиваат. Светот е многу поделен и тоа мора да престане“, вели славниот актер.
Запрашан дали нешто преостанало на неговиот „список со желби“, Кирк Даглас вели дека горе-долу ги исполнил сите свои сонови. „Имав прекрасен живот и имам фантастично семејство. Благодарен сум на сето што ми го пружи животот“, заклучува актерската легенда.