-Следнава прес-конференција ќе ја започнам со една реченица, а тое е, Данела Арсовска е најголемото зло што му се случило на Скопје во поново време, Данела Арсовска време ти е за оставка, изјави Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ.
-Изразуваме најдлабок револт и загриженост поради катастрофалните услови во кои се држат животните во Скопската зоолошка градина. Сите ние сме сведоци на неодамнешните трагични настани кои ги вклучуваат смртта на слоницата, жирафите, пингвините и најновиот прикривање на смртта на бизонот кој исто така е починат пред месец дена под неразјаснети околности.
Ги повикуваме надлежните институции веднаш да го испитаат работењето на директорот на Скопската зоолошка градина и на градоначалничката на Скопје. Мора да се утврди како биле третирани животните и дали биле почитувани сите закони за благосостојба на животните.
Не може да се премине преку фактот дека слоницата, најголемата атракција на зоолошката градина, тајно е носена замислете од Скопската золошка градина до скопската депонија, со намера да се сокрие нејзината смрт. Каков ум е тоа што мисли дека ќе скрие смрт на слон? Ова е чин на непочитување и отворено криминално однесување.
Ја повикуваме градоначалничката на Скопје и од неа поставениот директор Зоран Попов да пристапат одговорно кон ова злосторство врз Скопје и скопјани. Нивното срамно и неспособно раководење доведе до оваа трагична ситуација и тие мора да одговараат пред јавноста и пред законот.
Нашите граѓани заслужуваат да знаат што се случува со нивните пари и институции, рече Кирков.