Неспособноста на Арсовска со своите кадри допринесе за само две години од кога таа е на функција, како и во сите јавни претпријатиja така и во Скопје ЗОО да се случуваат инциденти, за жал за само неколку месеци имаме помор на животни, вчера почина и последната жирафа ФЛОПИ која беше атракција за сите посетители од целиот регион!, објави Стефан Кирков, член на Градски комитет на Град Скопје, на својот фејсбук.
-Заклани 10тици коњи, 3 починати жирафи, шимпанзо, 3 монголски коњи , 2 пингвини ….. до кога?
Сето ова се случува по поставувањето на нејзините кадри, а овие инциденти и причини се без епилог и под сомнителни околности за што Арсовска молчи ?
Од најпосетувана установа, Арсовска за само 2 години направи да за нашата ЗОО да се пишува во Европските медиуми како ХОРОР ОД ЗООЛОШКА !!!
Ќе има ли крај на ова? Одговорност постои ли?
АРСОВСКА???