„Овде се работи за непрофесионално и неодговорно работење од страна на ЈСП’’, изјави Стефан Кирков, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје на вестите на Сител телевизија.
Тој истакна дека доколку се работело во интерес на граѓаните, а не за свои лични интереси, Градот Скопје денес ќе имаше јавен превоз и немаше да дојде до ова.
„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните и благодарение на Владата, со нејзината брза реакција, Скопјани утре ќе имаат јавен превоз’’, потенцираше Кирков.
Советникот додаде дека не се сложува со излагањето на градоначалничката и дека ЈСП е како буре без дно и ги повикува надлежните да го проверат работењето на раководствата на ЈСП.