Поради дефект на вентил на шахта денеска без вода во 9 часот останале дел од жителите од општина Кисела Вода, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Од претпријатието додаваат дека дефектот настанал на улицата Сава Ковачевиќ број 48, а според нивните пресметки без вода останале околу 100 домаќинства.
Екипите на ЈП „Водовод“ работат на отстранување на дефектот.