Нови 40 семејства од Кисела Вода со принова, денес добија ваучери во вредност од 6000 денари од страна на општината. Еднократната парична помош се доделува по 9ти пат. Истата е влезена во редовната програма на општината, како чекор за поттик и стимул за сите оние кои размислуваат да го прошират своето семејство.
Со досега доделените 426 ваучери, општина Кисела Вoда, како локална самоуправа прави чекор напред во надминувањето на глобалниот проблем, падот на наталитетот од кој ни Македонија нема имунитет.
Потребните критериуми кои треба да бидат исполнети за добивање на еднократната парична помош, се и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општината Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), Извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Овој проект од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе се запази се до истекот на четиригодишниот мандат на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ.