Кај нас расолницата е познат пијалак кој се смета дека е лек за сите тегоби поврзани со дигестивниот тракт и како народен лек за намалување на отоците на зглобовите. Сепак, малку е познатио дека сокот од свежа зелка е богат не само со витамин Ц туку и е лековита напивка за широк спектар на болести.
Експериментално е докажано дека со сок од свежа зелка успешно се лекува чир на желудникот и воспаление на дебелото црево. Сокот од свежата зелка ја поттикнува размената на материи во ќелиите и поволно дејствува на слузокожата на цревата.
Измешана со сок од морков и репка, расолницата е одлична напивка за оние што имаат недостаток на калциум. Исто така им се препорачува и на жените во средни години за да се сопре процесот на остеопороза.
Лековити својства:
Киселата зелка не само што има исклучителна нутритивна туку има и лековити својства:
- Го подобрува расположението;
- Го прави организмот поотпорен на стрес;
- Активира размена на материите во мозкот;
- Помага при создавање на црвени крвни клетки;
- Ја стимулира работата на ќелиите и подмладува;
- Помага при изградбата на коските;
- Ги регулира и го намалува количеството на масни материи и холестерол во крвта;
- Го зајакнува имунитетот и ја зголемува силата на мускулите;
- Придонесува за обновување на истрошеното врзувачко ткиво.