Кисело млеко е магична храна која го зајакнува имунитетот, не штити од болести, а помага и во процесот на варење на храната.
Науката докажала дека еден правилен режим на исхрана што вклучува и кисело млеко помага да ги постигнеме целите во однос на здравјето и телесната тежина.
Најважно е да избираме кисело млеко што е богато со природни полезни бактерии, кои помагаат на организмот да функционира правилно, ја забрзува размената на материи во организмот, а капацитетот на телото да ги согорува маснотиите се повишува неколкукратно. Освен тоа протеините од киселото млеко помагаат за содавањето на мускулни клетки. Диетолозите препорачуваат секојдневна употреба на кисело млеко за да бидеме здрави и витки.