Кисинџер: Украина треба да се однесува како Финска

Поранешниот американските државен секретар и добитник на Нобеловата награда за мир Хенри Кисинџер (90) оценува дкеа Украина треба да престане да избира меѓу Истокот и Западот и да се претвори во мост на соработка меѓу нив.

Во авторски текст објавен во „Вашингон пост“, Кисинџер пишува дека Украина на меѓународен план треба да се однесува како Финска.

Тој наведува дека денес главниот проблем на Украина  во одредувањето на надворешната политика е тоа што јавната дебата по тоа прашање се претвори во конфронтација.

„Изборот е ограничен на две опции или Запад или Исток. Но, ако ако прашањето е формулирано на овој начин невозможно е Украина да најде излез од сегашната криза и сигурно тоа ќе ја направи ранлива и во иднина“, смета Кисинџер.