
Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар во целост ги прифаќаат укажувањата на Дирекцијата за заштита на личните податоци во врска со содржината на распоредите за екстерно тестирање кои што се објавуваат во училиштата и ина интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, се вели во соопштението од Министерството.
Оттаму информираа дека веќе е пристапено кон промена и соодветно прилагодување на апликативниот софтвер од интегрираниот информатички систем за електронско тестирање, со цел да се изврши корекција на распоредите коишто се генерираат за процесот на екстерното тестирање.