Владата денеска го прифати предлог Законот за намалување на стапката на Данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто, за сточната храна и адитивите на сточна храна, жив добиток, за бебешките производи и за училишен прибор.
Како што најави премиерот Никола Груевски, новото законско решение се очекува да стапи на сила кон крајот на мај или на почетокот на јуни, окако ќе се формира новиот парламентарен состав и одлуката ќе се изгласа во Собранието.
Намалувањето на ДДВ-то, ќе влијае врз намалување на цените на производите за крајните потрошувачи, како и на зголемувањето на конкурентноста на македонското стопанство.
„Преку намалување на ДДВ-то за производството на месо или мелчни производи директно или индиректно ќе се намали и нивната цена на чинење и конкуретноста на фирмата. Ова потенцијално може да биде и стимул за извоз. Се помага директно и на макеоднски компании и на потрошувачите. Со овој предог ќе се стимулира земјоделството и производсвтото на месо и млечни производи, а на родителите ќе и се намалат трошоците за децата“, истакна Груевски.
Фискалните импликации од новиот закон ќе изнесуваат 380 милиони денари на годишно ниво.
На новинарско прашање како ја коментира одлуката на СДСМ да ги врати добиените пратенички мандати на изборите, премиерот Груевски рече дека тоа е штетна одлука како за државата така и за партијата, и исрази надеж дека сепак не е доцна од партијата да го сменат својот став.