На денешниот состанок што го организира Агенцијата за цивилно воздухопловство, ќе се разговара на тема воведување систем за сателитска навигација којшто ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот аеродром во услови на магла.
За системот за сателитска навигација на состанокот ќе дебатираат претставници од ЕУРОКОНТРОЛ, Европската комисија и Агенцијата за сателитска навигација при Европската Унија, како и претставници на М-НАВ, ТАВ Македонија и авиокомпаниите кои оперираат во Македонија.