Ќе се отвора саркофагот на Гоце Делчев?

За вечното почивалиште на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси сe, освен можеби најважното – кој е автор на паметникот!?

Веќе речиси цели седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата за тоа кој, всушност, е уметникот што го смислил и го направил ова обележје длабоко вградено во колективната меморија на целиот македонски народ. Со години траат обидите да се дознае авторството, но залудно, пишува Дневник.

Во потрага по името на авторот не се исклучува и по цели седум децении да се отвори камениот саркофаг на Делчев. Идејата е со откривањето на капакот да се увиди дали авторот потписот можеби го оставил внатре.

Истовремено, пишува Дневник, ова отворање би можело да се искористи и за употребување на најновите технолошки достигнувања што може да дадат одговор на уште една мистерија – дали во саркофагот се сите коски на Делчев или неколку недостигаат. Со испитување на коските на Делчев ќе може да се реконструкуира и убиството.

Но, за ваквата идеја допрва треба да се консултираат надлежните институции.

Целата сторија прочитајте ја на Дневник.