Носителот на Изборната Eдиница 2, Гордана Јанкуловска се сретна со граѓаните на Побожје каде што разговараше за тековните проблеми и ги запозна со проектите кои ќе се реализираат во наредниот период.
Таа нагласи дека во следниот четиригодишен период, Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе ги зголемува платите на вработените во јавниот сектор по 5 отсто секоја година. Вкупното зголемување на платите за четири години ќе изнесува 21,5 отсто.
Денеска Јанкуловска оствари средба и со граѓаните на Чучер Сандево. На средбата таа ги презентираше проектит од отчетот за изминатите четри години и проектите кои ќе се реализраат во следниот четригодишен период.
Од новата програма Јанкуловска го издвои проектот за отворање на 40 нови детски градинки, а истакна дека едно нив ќе биде токму во општината Чучер Сандево.
Во духот на христијанството и традицијата Јанкуловска го посети манастирот св. Архангел во Кучевиште.