Со цел да се помогне на најранливите категории граѓани, програмата „Провeрено“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подбра Македонија“, предвидува еднократен отпис на долговите на граѓаните за струја, парно, банки и радиодифузна такса.
Ќе се отпишуваат неплатени сметки за електрична eнергија кои се тужени и неплатени подолго од 12 месеци. За долговите кои се достасани, а неплатени пократко од 12 месеци, ќе се настојува ЕВН да одобри 6-8 годишен репрограм.
Ќе се отпишуваат и долгови спрема банките по основ на кредитни картички, минусни салда по тековни сметки и потрошувачки кредити, кои се достасани, а неплатени подолго од 12 месеци и не се обезбедени со движен или недвижен имот.Неплатени долгови за парно греењe. Долгови по основ на радиодифузна такса.
Корисници на правото на отпишување на долгови ќе бидат лица кои се корисници на социјална помош, лица кои подолго од 12 месеци се евидентирани како невработени лица и кои активно бараат работа во евиденцијата на Агенцијата за вработување, лица кои поради семејна несреќа (смрт на еден од сопружниците или потешка болест или губење на работната способност) се доведени во состојба да не можат да ги отплатат долговите.
Услови кои треба да ги исполнуваат овие лица се долгот да настанал до 31.12.2013 година (за да не се злоупотребува оваа мерка во иднина, односно нарочно да се создаваат долгови). Доколку лицето кое бара отпис на долгот е во брак и неговиот брачен другар треба да е невработен. Ако има приходи по други основи (ренти, субвенции и сл.), кумулативниот годишен приход за претходната година да не е повисок од 105.600 денари (12 месеци по 8.800 денари колку што е минималната плата). Лицата да немаат во своја сопственост или во сопственост на сопружникот друг станбен објект за живеење, освен оној во кој живеат сами или со своето семејство.
Oтписот на обврските од страна на економските субјекти ќе се изврши на доброволна основа, преку одобрување на даночен кредит од страна на државата во висина на отпишаните обврски. Овој проект планирано е да се реализира до септември 2014 та година.