Ќе се вози Ф1 трка за Големата награда на Баку

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, потврди дека во календарот за 2016. година влегува уште една трка – Големата награда на Баку.

Еклстон и министерот за млади и спорт на Азербејџан, Азад Рахимов, го претставија проектот за патеката во Баку.

“Во Азербејџан ќе се вози нова трка во Формула 1. Мило ми е што видов дека веќе е дизајнирана нова патека која ќе овозможи врвно натпреварување”, изјави Еклстон.

За потсетување, в недела се вози премиерната трка во Сочи, за Големата награда на Русија.