Кјуриозити најде доказ дека на Марс би можело да има живот

Роверот на НАСА, Кјуриозити на Марс откри формации предизвикани од наглиот пораст на нивото на метан, што можеби е знак дека на таа планета има живот, објави НАСА.

Наглиот пораст на нивото на метанот неможе да се објасни со никакви други досегашни теории, па според научниците постои голема можност овие формации да се формирани од бактерии.

mars_2

„Доколку гасот се формира од живи организми тогаш тоа ќе биде едно од најголемите откритија во историјата. На Земјата, 95 отсто од метанот се создава од микроорганизмите, но сепак постојат голем број небиолошки процеси што би можеле да го создадат гасот“ , соопштуваат од НАСА.

Научниците велат дека понатаму роверот ќе врши истражувања за можноста да постои живот, во пресрет на новата мисија која е најавена за 2020 и со која НАСА ќе се обиде да го утврди изворот на метан.