Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар ќе биде посилен во новата сезона со американски плејмејкер Маиш Дејли.
Дваесет итригодишниот Дејли, висок 201 сантиметри, доаѓа во редовите на Гостивар од американската универзитетска NCAA лига, во која минатата сезона настапуваше за Акрон Колеџ.
Дејли официјално е десетиот играч во ростерот на прволигашот од Гостивар за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.