Клаус: Новата австриска владина коалиција е закана за Чешка

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус смета дека учеството на Зелените во новата австриска Влада е закана за неговата земја.

-Таа комбинација во владата е закана за нас. Австриските Зелени се опасни за нас, рече Клаус во изјава за австриската национална агенција, укажувајчи на антинуклеарната политика на Зелените.

Чешка, според него, нема добра алтернатива на нуклеарната енергија.

-Немаме реки какви што има Австрија или нешто слично, објасни тој.

Клаус изјави дека не го разбира и тоа како Австрија ќе ги спроведе енергетските проекти доколку тежи да му сврти грб на гасот, бидејќи старите методи нема да бидат доволни за ги покријат енергетските потреби на земјата.

Клаус, активен член во повеќе групи кои се борат против ширењето паника, предупреди на опасноста од „клима-алармизам“.