Политичкиот аналитичар Сашо Клековски вели дека атмосферата после денешното гласање е многу поразлична во споредба со претходните локални избори во 2017 година, што, според него, укажува на можен политички пресврт.
-Лицата на Оливер Спасовски и Љупчо Николовски не ми изгледаа добро за резултатите на СДСМ, дополнето со Фејсбук најавата на Христијан Мицкоски за победа…, се разрешува некаква неизвесност, рече Клековски на Сител.