СДСМ сака да помине листа на уставни судии кои се неприфатливи за опозицијата. А, бидејќи не може да се влезе во дијалог и да се конкретно разговара за еден легитимен состав на Уставниот суд, не останува друг механизам од блокирање, филибастеринг, истакна во четвртокот вечерта Сашо Клековски, член на Изврѓниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во текот на гостување во емисијата на Tелевизија 24.
Клековски додаде дека СДСМ го игнорира Собранието, параментарнито спикер Талат Џафери распишува избори во Центар Жупа и Маврово Ростуше без да ја информира опозицијата., која дознава од медиуми дека ќе има избори.
„Тоа е нечуено однесување на владејачкото мнозинство… „На СДСМ што и да сака става европско знаменце за да го помине законот. Ако има нешто да се протурка, а да нема дискусија се става европско знаменце. Опозицијата е ставена во комплетна изолација“, појасни Клековски.
Клековски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ исто така поднесе амандман за зголемување на платите на наставниците.