Клековски: Владата на СДСM и ДУИ е очајна, се распаѓа на секое поле, единствено што можат да им понудат на граѓаните се уставните измени

Ние нема да ги поддржиме устваните измени. Дали ќе се прави филибастеринг, дали ќе се прави бојкот, тотално е небитно, бидејќи клучната работа е дека нема да поддржиме уставни измени и тој став е консектвентен подолго време, вели Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 телевизија.

Клековски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ понудила три предлози за државата да излезе од ќорсокак, но СДС ништо не прифатиле.

„ВМРО-ДПМНЕ досега поднесе три предлози како да излеземе од ќорсокакот во кој сме, а во кој не донесе владата на СДС“, рече Клековски.

Посочи дека сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се европски ориентирани, но нема да ги поддржат уставните измени.

„Не мора да бара Бујар Османи европски ориентирани пратеници во ВМРО-ДПМНЕ бидејќи сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се европски ориентирани. Значи ние припаѓаме во НАТО, ние припаѓаме во ЕУ и можат да се обратат на сите 44 пратеници и тоа е ставот. Ние сме европски ориентирани и сме за ЕУ, но нема да поддржиме уставните измени и за тоа има редица причини кои што цела една година ги кажуваме“, изјави Клековски.

Според него, владата на СДС и ДУИ е очајна и освен промена на уставните измени, нема што друго да понуди, бидејќи како што рече на сите останати полиња се распаѓа.

Оваа власт е очајна. Оваа власт во моментот зависи само од една работа и тоа се уставните измени. Значи она нема што друго да понуди на сите полиња се распаѓа. Единствено што може да вети е започнување на преговорите со ЕУ и уставни измени. И тоа тоа се држат до крај, смета Клековски.