Клековски: ВМРО-ДПМНЕ е евроатлантско ориентирана, но тоа не значи дека не треба да се заштитат националните интереси

„Состаноците во општинските комитети најмалку траат три часа. И луѓето доста дискутираат за темите кои ги тангира“, истакна Сашо Клековски во емисијата „Вин вин“ на Телма телевизија.

Клековски додаде дека дебата во ВМРО-ДПМНЕ има за доста сериозни теми.

„Тоа што си промакедонски ориентиран, не те прави антиевропски. ВМРО-ДПМНЕ е евроатлантско ориентирана, но тоа не значи дека не треба да се заштитат националните интереси“, нагласи Клековски.

Тој посочи дека Бугарите пред потпишување на Договорот за добрососедство немаше најави на вета. Но, кога Бугарите видоа што Заев прифати од Грците, нормално и овие почнаа да си бараат.

Клековски нагласи дека уставни измени под бугарски диктат ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи.