Клепало е значаен и за Бугарите

Конечно, по три децении ќе се отвори граничниот премин Клепеало, на македонско-бугарската граници, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Криситајн Вигенин, додавајќи дека овој проект е приоритет на владата. Единствениот проблем е тоа што мора да се реконструирана делницата од патот во должина од седум километри. Министерот додаде дека е нивна грешка што нема граничен премин кон Македонија. Вигенин потенцираше дека Македонија го изградиле патот до граничниот премин и дека се чека на нив.

„Ќе имаме проблеми за потпишување договори со Македонија, но работиме на можностите за напрадеок. Тоа ќе се направи со промоција на соработка во сите области од двете страни на границата“, рече Вигенин.

Според министерот со граничниот премин Клепало ќе се скрати времето за патување од жителите на регионот. Според него Македонците многу побрзо ќе стигнат до ски центрите Банско, Разлог и Добриниште. Тој смета дека оваа инвестиција ќе се исплати за брзо време.

Од македонска страна, патото до Клепало почна да се гради пред 32 години.