
Легендарниот музичар Ерик Клептон ослободи Германја од тужба, откако го доби судскиот спорт против неа поради прадавање снимки од негов концерт, соопшти во објава од петокот британскиот уметник на својата официјална интернет страница.
Судијата во Диселдорф пресуди дека Германката од блискиот град Ратинген не смее на eBay да ги продава снимките од концерт на Клептон од 1987 година.
Доколку славниот музичар и еден од најдобрите блуз-гитаристи во историјата не се откажеше од гонењето, обвинетата ќе требаше да плати глоба од 250.000 евра.
Германката нашла две цедеа со оспоруваните снимки додека го чистела домот, по смртта на поранешниот сопруг. Ги ставила на продажба на eBay за почетна цена од 9,95 евра.
Адвокатите на Клептон ја запреле таа интернет аукција бидејќи концертот бил снимен нелегално. Тие изминатата деценија водеа илјадници такви случаи во рутинските проверки на авторските права, соопштувајќи дека продажбата на „неавторизираните и по правила снимки од концерти со лош квалитер“ се чести во Германија и во уште неколку земји.
„Тоа ѝ наштетува на музичката индсрија и за купувачите коишто добиваат инфериорен производ“, соопштија адвокатите.