Клептон нема да настапува во сали кои бараат потврда за вакцинираност

Британската рок икона Ерик Клептон изјави дека нема да настапува во салите кои од посетителите бараат потврди за вакцинираност против Covid-19, објави во четвртокот BBC.

Реакцијата дојде откако претходно британскиот премиер Борис Џонсон најави дека од септември на влазовите во клубовите и концертните сали ќе се бара доказ за вакцинираност.

Меѓутоа, Клептон е истраен дека нема да настапува онаму „каде што публиката е дискриминирана“.

Неговата објава веднаш ја споделија антиваксерите на социјалните мрежи.

Клептон во мај годинава објави дека имал тешки нус-појави предизвикани од вакцината на „AstraZeneca“.

Неговиот следен концерт во Велика Британија е закажан за мај 2022 година во лондонски „Royal Albert Hall“ кој веќе најави дека посетителите можеби ќе мораат да го предочат својот „ковид-статус“.

Ерик Клептон годинава има закажани осум концерти во САД каде што доказот за вакциниранот не е услов за влез во повеќето концертни сали.