Лидерот на украинската опозициска партија „УДАР“, Виталиј Кличко, повика на продолжување на протестите на централниот плоштад Независност во Киев, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„Не треба да го напуштаме плоштадот, колку и да е потребно време за победа, недела , две, месец или повеќе“, изјавил Кличко пред учесниците на протестот.
„Ние инсистираме во земјата да има нова Влада, нов Парламент и нов претседател“, рекол опозицискиот лидер, додавајќи дека новата државна глава треба да го потпише договорот за за асоцијација со Европската унија.