Кличко бара оружје за воздушна одбрана на Киев

Градоначалникот на украинската престолнина Киев, Виталиј Кличко, ги повика западните сојузници да продолжат да испорачуваат оружје во Украина во нејзината војна против Русија.

„Ве молам, поддржете нѐ“, апелира поранешниот боксерски шампион во интервјуто за миланскиот дневен весник Corriere della Sera објавено во саботата.

Кличко ги повикува сојузниците и НАТО да испратат дополнително оружје за одбрана на воздушниот простор над Киев.

„Ние сме способни самите да го затвориме својот воздушен простор. Но секако мораме да набавиме вистинско оружје“, рече Кличко.

Од САД и НАТО повеќепати го отфрлија барањето на Киев да наметне зона на забранети летови над Украина според примерот од Либија во 2011 година, предупредувајќи дека тоа може да доведе до директен воен судар меѓу Западот и Русија, и веројатно до „Трета светска војна“.

Според Кличко, во Киев досега потврдиле повеќе од 200 загинати цивили. Во градот останале околу два милиона жители, вели градоначалникот.

„Не заборавете дека ја браниме својата земја, а истовремено ги браниме темелните вредности на европската демократија“, уверува Кличко.

„Мојата порака е јасна: ве молам запрете ги сите економски односи со Русија, бдиејќи (рускиот претседател Владимир) Путин го користи секое врео да ја зајакне својата војска којашто маршира кон нас“, додава Кличко.