Кличко ги предупреди руските војници да си одат од Киев

Градоначалникот на Киев и поранешен професионален боксер Виталиј Кличко изјави дека е „голема привилегија за секој човек да го даде својот живот како бранител на својата земја“.

Кличко ги предупреди руските војници „да си заминат“.

Говорејќи во програмата „Бет Ригби интервјуа“ на Скај Њуз, украинскиот политичар рече дека „сите во Украина се во опасност во моментов“ и „никој не сака да умре“.

„Ние секогаш бевме мирољубива нација“, рече тој. „Украина е мирна земја, никогаш не сме биле агресивни кон никого.

„Но, во моментов, ситуацијата се однесува на нашата иднина, иднината на нашите деца – и ние треба да го браниме тоа“.