![klicko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/klicko1.jpg?resize=620%2C387&ssl=1)
Лидерот на опозициската партија УДАР, Виталиј Кличко оценил дека оставката на украинскиот премиер Микола Азаров е само „чекор до победа“.
„Веќе неколку месеци говориме дека она што се случува на улицата исто така е резултат на политиката на актуелната влада. Ова не е победа, но е чекор до победа“, вели Кличко, јавува АФП.
Претседателот на Украина, Виктор Јануковиќ на лидерот на најголемата опозициска партија, Арсениј Јацењуј му го понуди местото премиер, а на Кличко местото вицепремиер за хуманитарни прашања, што двајца одбија.
Американскиот потпретседател Џо Бајден вчера го повика претседателот Јануковиќ и го предупреди дека „воведување на вонредна состојба или донесување други остри безбедносни мерки дополнително ќе ја распламти ситуацијата и ќе ја затвори вратата за мирно решение.“