![klicko](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/klicko.jpeg?resize=696%2C433&ssl=1)
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го откажа продолжениот полициски час планиран за главниот град.
-Полицискиот час ќе остане вообичаен – од 20 до 7 часот. В недела попладне ќе биде можно движење низ главниот град и регионот, рече Кличко.
Претходно тој најави дека ќе има продолжен полициски час. „Воената команда одлучи да го продолжи полицискиот час. Тој ќе трае од вечерва во 20 часот до понеделник до 7 часот наутро“, напиша претходно Кличко на социјалната мрежа Телеграм.