Водачот на опозициската украинска партија Удар, Виталиј Кличко смета дека изборите за претседател на Украина треба да се одржат во месец март 2014 година, пренесува „УНИАН“.
„Во оваа криза во која се наоѓа Украина, ситуацијата не дозволува да се разгледуваат дневнополитичките секојдневни прашања. Знаеме дека единствениот излез од политичката криза во која се наоѓа во моментов земјата, се предвремени парламентарни и претседателски избори“, изјави Кличко.