Клиф Ричард ќе издаде албум по 19 години

Британскиот пејач Клиф Ричард го најави во ноември објавувањето на новиот божикен албум под наслов „Christmas With Cliff“, 19 години по објавувањето на претходниот.

„Одново се вратив во својот сопствен свет“, изјавил 81-годишниот изведувач, пренесува во вторникот весникот Еvening Standard.

Цедето, снимено во студија во Мајами, вклучува 13 божикни класици, но и нови композиции.

Ричард беше на чело на божикните топ-листи во Велика Британија во 1960, 1988 и 1990 година. Севкупно во долгата музичка кариера, музичарот чие вистинско име е Хари Роџер Веб, на првата позиција на топ-листите се има искачено повеќе од 20 пати. Само во Велика Британија овој поп-ветеран има продадено повеќе од 21 милиони примероци од неговите винилни изданија.

Според резултатите од анкетата на британската радиодифузна корпорација BBC во 2002 година, Клиф Ричард беше вброен меѓу стоте британски великани. Во 1995 година му беше доделена титулата сер и витез провстапник во Редот на Британска империја.