Климатски активисти се залепија на црвениот тепих на Берлиналето

February 16, 2023. REUTERS/Michele Tantussi

Маж и жена е залепија за црвениот тепих на отворањето на филмскиот фестивал во Берлин во четвртокот вечерта, повикувајќи ги германската влада и целото општество да преземат повеќе мерки во борбата со климатските промени.

Двајцата активисти се залепија за тепихот по доаѓањето на филмските ѕвезди во Берлинале Паласт на свеченоста на отворањето на фестивалот, каде со видео врска на присутните им се обрати украинскиот претседател Володомир Зеленски давајќи уште поголем политички печат на годинешното 73-то издание на филмската смотра фокусирана на западните погледи на состојбите околу Украина и Иран, а пред премиерната проекција на филмот „She Came To Me“ на американската режисерка Ребека Милер.

Движењето Letzte Generation (Последното поколение), која ја организираше и оваа протестна акција како и бројните други во музеите низ Германија, соопшти дека сегашната влада во Берлин и целото германско општество се последните кои „имаат шанса да го спречат климатскиот пекол со милијарди мртви“.

„Залагањето за одржливост на ниско ниво, како што тоа го прави Берлин, е важно но нема да нѐ спаси самото посебе. Мораме да направиме пресврт“, изјави еден од активистите, Рафаел Воелми.

„Доколку продолжиме да бегаме до стварноста, ќе ги минеме првите климатски пресврти и ќе придвижиме смртоносна лавина од која нема спас“, изјави другата активистка Лиза Винкелман.

Од снимките се гледа дека инцидентот беше проследен со малку викање, но без поголеми проблеми. Движењето рече дека двајца нивни активисти ја прескокнале оградата за да протестираат.

Се поставување прашањето како активистите успеале да ја минат заштитната добро обезбедувана бариера. А медиумите известуваат дека просторот кај црвениот тепих тогаш бел речиси пуст, бидејќи кога протестот започнал повеќето од гостите веќе влегле во објектот.