Климовски: Јавниот обвинител да делува за прекршувањето на Уставот

На оваа ситуација треба да делува јавниот обвинител, смета политичкиот аналитичар Александар Климовски, обвинувајќи ги СДСМ и Албанските партии дека го прекршија Уставот со тоа што го прекршија деловникот и избраа претседател на Собранието.

„Се прекрши уставот на Република Македонија. Уставот вели дека Собранието работи според деловник и со овој чин очигледно се прекрши деловникот. Се работи за дело насочено кон уривање на уставниот поредок“, заклучи Климовски.

Климовски и Каракамишева гостуваа во ТВ НОВА во анализа на состојбите во Собранието што го одбележаа денот.