Клиничката болница во Штип ќе добие ургентен центар

Штипската Клиничка болница, ќе добие ургентен центар. Во него медицинарите, ќе им укажуват итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток. За да функционира потребно е да биде формирана работна единица во која ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

„Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица ургентен центар, кадешто тие тимови, би работеле . Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуват целиот регион„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

Ургентниот центар во Штип, ќе работи 24часа, секој ден во неделата. Ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, односно контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион, објаснува Захариев.

„Во моментот влез во Клиничка болница Штип, се сите специјалности во Мој термин. Со ова тријажата во нашата болница, ја вршат другите установи. На пример доктор специјалист во Кочани, одлучува кој пациент каде треба да оди во клиничка болница штип. Функционалното подобрување на ургентниот центар ќе биде тоа што влезна врата во клиничка болница ке биде во ургентниот центар„ изјави д-р Владко Захариев.

Формирање на Ургентен центар е долгогодишна идеја, но поради недостатокот од кадар не можеше да се реализира. Во моментот болницата има потреба од 130 лекари, медицински и технички персонал, а најголемиот одлив е во приватните болници и странсство, како и по основ на пензија.