Купишта ѓубре и шут е сликата со која се соочува секој кој влегува во Клиничкиот центар во Скопје.
Од фотографиите подолу може да се забележи каква е состојбата околу објектите во оваа медицинса установа, но и внатре во нив.
На шега, на социјалните мрежи се забележуваат коментари како: „Oвие не можат да го одржат Kлинички чист, а не да градат нов“.
Иако, внатре во клиниките е забрането пушење, тоа баш и не се почитува. Раекција од надлежните нема.
Во цел град Скопје е забрането дотур на стока од 7 часот до 19 часот, ама тоа не важи за клиниките во округот на Клиничкиот центар. Лица инвалиди мора да се прекачуваат по тротоари и ѕидови за некој да си направи бизнис, коменираат на социјалните мрежи.