Клиниката за кожни болести затворена, деведесет лица во изолација

Шеесет и четири вработени лица на Клиниката за кожни болести, 11 пациенти кои биле хоспитализирани и 13 пациенти кои се лекувале во дневната болница во клиниката се во 14 дневна изолација, откако биле во контакт со директорката која е заболена од коронавирус, рече министерот за здравство Венко Филипче. Клиниката е затворена.
Во домашна изолација се и двајца членови на нејзиното семејство.

И поркај тоа што предвреме алармиравме и спроведовме мерки на претпазливост, ова со што се соочивме денеска навистина многу не разочара, сега е предизборен период, не може да се разрешува, но таа ќе биде разрешена. Целата клиника ќе биде затворена 14 дена, но одговорност ќе има за апсполутно секој, кој нема да се придржува до пропишаните мерки- рече Филипче.

Викендов се одржал симпозиум за дерматовенеролози во Скопје, на кој присуствувале 103 лица. На тој симпозиум била и зарзаената директорка. Бидејќи таму биле и сите доктори од дерматовенеролошкото одделение во Штип, и одделението во штипската болница ќе биде затворено. Имало и тројца доктори од Грција.

Салата каде се одржал симпозиуот е исчистена, исто како и Клиниката за кожни болести.

Во овој момент уште 8 пациенти се испитуваат. Со симптоми се испитува пациент од Бугарија, и неговата сопруга, еден патник од Сингапур, наш државјанин, 4 луѓе кои биле во контакт со пациентите од Дебар, и еден од Гевгелија, за овие лица се чекаат резултати- рече Филипче.