Поранешната американска државна секретарка изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го „ресоветизира“ руското окружување, но дека тој е само во „потрага“ по потенцијалите на својата држава и ја загрозува стабилноста и мирот во Европа.
Клинтон, која важи за иден претседателски кандидат на демократите на следните избори во 2016-та година, изјавила дека „сите страни треба да ги избегнуваат чекорите кои што во овој чувствителен момент можат да бидат погрешно протолкувани или да водат до погрешни калкулации“.
Таа, на еден собир на демократи на Лонг Ајленд, рекла дека потезите на Путин потсетуваат на она што претходно се случило во Чехословачка и Романија.
„Тоа звучи познато, бидејќи тоа е она што Хитлер го направи во 30-тите години од минатиот век“, додала Клинтон.