Клинтон против Буш за претседател на САД?

САД: Русија нема моќ да ја злоупотреби грчката криза

Можно ли е тоа да се случи? Какви се шансите? Дали избирачите навистина би гласале за втор претседател од фамилијата Клинтон или за трет Буш во Белата куќа, прашува Гласот на Америка.

Брз поглед врз последните истражување на јавното мислење покажуваат дека во теорија е најмалку возможно. Хилари Клинтон многумина ја претпочитаат за номинација на Демократската партија. Актуелниот вицепретседател Џо Бајден дури не ни блиску до неа според акетите. Изгледа, единствено прашање е – ќе се кандидира ли? А, одговорот ќе го знаеме најрано кон крајот на годината или почетокот на следната.

Што се однесува до кандидатот на републиканците за 2016 година има многу шпекулации и приказни за поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш. Исто така Клинтон, Буш вели, дека ќе донесе решение подоцна во текот на годината. Но, за разлика од Клинтон, неговиот пат до претседателска номинација на Републиканската партија е далеку понеизвесна.

Буш вели, дека ќе се кандидира за претседател само ако тоа го стори „со задоволство“. Но, можете само да се чудите колку радост може да има минувајќи низ внатрепартиските дебати и избори, ако се суди по последните неколку такви. Буш, го претпочитаат основните кадри на републиканците, кои се вознемируваат дека конзервативците се сериозно му наштетиле на брендот Републиканец, особено во години на претседателските избори, кога кандидатите треба да апелираат од партиската маса.

Освен потенцијата проблеми за Буш со конзервативците има и друг – неговото име. Јавното одобрување за неговиот брат Џорџ Буш, одвај неодамна почна да оди нагоре. Некои стратези на републиканците се плашат дека „трошењето на Буш“ останува вистински проблем за многу избирачи и тоа може да им ги намали шансите во 2016 година.

Во последно време Хилари Клинтон е зафатена со платени политички говори низ целата земја и се обидува да ги избегне прашањата дали ќе се кандидира за претсдателските избори во 2016 година. Покрај обидите да остане незабележлива, има нови сигнале, дека клинтон би била тешко надминлив кандидат, ако се кандидира. Ова го покажуваат неодамнешните истражувања на јавното мислење во неколку држави.

Така што, какви се шансите за средба Клинтон – Буш во 2016? Пред Клинтон изгледа има полесен пат до номинација отколку пред Џеб Буш. Но, не заборавајте дека Клинтон беше јавниот избор на партијата за знаменосец во 2008 година само за да биде „истуркана“ од новајлијата сенатор од Илиноис, кој ги придоби срцата и душите на Демократската партија и потоа да освои убедлива победа над републиканецот Џон Маккејн.