Клиперс ги сопреа Дончич и Маверикс, шеста победа со ред на Нагетс

Лос Анџелес Клиперс ноќта кон средата на гости ги совладаа Далас Маверикс со 114:99, а Данвер Нагетс ја остварија шестата победа во низа, откако дома беа подобри со 117:104 од Вашигнтон Визардс.

Каваи Леонард за Маверикс постигна 28 коша, а Пол Џорџ додаде 26, од кои 17 поени постигна во првата четвртина.

Одбраната на Клиперс, за кои ова е шеста последователна победа, успеаја да го сопрат Лука Дончич, чиј просек по меч е 30,6 поени. Младиот Словенец дуелот го заврши со 22 коша и 8 скокови. Кристапс Порцѕингис додаде 15 коша со 10 скокови за Маверикс, за кои ова беше првиот пораз по пет последователни победи.

И Денвер Нагетс ја остварија шестата последователна победа. Џереми Грант беше најдобар стрелец кај Нагетс со 20 поени, а Вил Бартон додаде 17 коша, 8 скокови и исто толку асистенции. Кај Визардс најдобар беше Џордан Мекри со 21 поен. Дејвис Бертанс, Бредли Бил и Мориц Вагнер постигнаа секој по 14 коша.

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА

  1. Бостон 12 4 .750 –
  2. Торонто 12 4 .750 –
  3. Филаделфија 11 6 .647 1 1/2
  4. Бруклин 9 8 .529 3 1/2
  5. Њујорк 4 13 .235 8 1/2

 

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА

  1. Милвоки 14 3 .824 –
  2. Индијана 10 6 .625 3 1/2
  3. Детроит 6 11 .353 8
  4. Чикаго 6 12 .333 8 1/2
  5. Кливленд 5 12 .294 9

 

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

  1. Мајами 12 4 .750 –
  2. Орландо 6 10 .375 6
  3. Вашингтон 5 10 .333 6 1/2
  4. Шарлот 6 12 .333 7
  5. Атланта 4 13 .235 8 ½

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

СЕВЕРНА ДИВИЗИЈА

  1. Денвер 13 3 .813 –
  2. Јута 11 6 .647 2 1/2
  3. Минесота 9 8 .529 4 1/2
  4. Оклахома Сити 6 10 .375 7
  5. Портланд 6 12 .333 8

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА

  1. ЛА Лејкерс 15 2 .882 –
  2. ЛА Клиперс 13 5 .722 2 1/2
  3. Феникс 8 8 .500 6 1/2
  4. Сакраменто 7 9 .438 7 1/2
  5. Голден стејт 3 15 .167 12 ½

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА

  1. Далас 11 6 .647 –
  2. Хјустон 11 6 .647 –
  3. Newу Орлеанс 6 11 .353 5
  4. Сан Антонио 6 12 .333 5 1/2
  5. Мемфис 5 11 .313 5 1/2