Клиперс се изборија за седмиот дуел во плејофот на НБА

Копаркарите на Лос Анџелес Клиперс со 104:97 победија на гостувањето кај Далас Маверикс со што го израмнија соодносот во победи на 3-3 во првиот круг од доигрувањето во НБА лигата, обезбедувајќи си го седмиот решавачки натпреар кој ќе се игра ноќта кон понеделникот во Лос Анџелес.

Соочен со уште една елиминација во раната фаза од плејофот во дреост на Клиперс, Каваи Леонард брилјираше со 45 кошеви со шут 18 од 25 од игра, а одлично му помагаа Реџи Џексон со 23 и Пол Џорс со 20 поени и 12 скокови.

Клучна се покажа низата од три последователни реализации на Леонард, првата за два а следните две за три поена, со која предноста на Лејкерс јод 90:88 на три минути до крајот на зголеми на 98:90 на 1,40 минути пред крајот на мечот.

Кај домашните стандарно најдобар беше Словенецот Лука Дончич со 29 поени, 11 асистенции и 8 скоковои, а Тим Хардавеј помалдиот го следеше со 24 коша.

Куриозите во оваа серија претставува тоа што во сите досегашни шест дуели победија гостите, што е незапаметен случај во плејоф фазата во најсилната кошаркарска лига на светот.

Победникот во седмиот дуле меѓу Клиперс и Мавериска во вториот круг од доигрувањето ќе игра против најдобариот тим од лигашката фаза на сезоната Јута Џез кој со 4-1 во победите ги елиминираше Мемфис Гризлис.