Клиперс вторпат славеа во Оукленд

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс како гости ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 129:121 и со втората победа над актуелните шампиони во НБА лигата во нивната „Оракл Арена“ го намалија заостанувањето на 2-3 во серијата до четири победи во првото коло од доигрувањето.

Клиперс до изненадувачката победа ги предводеше Лу Вилијамс со 33 коша и 10 аситенции. За домашните Кевин Дјурент постигна 45 поени.

Клиперс ноќта кон саботата во 4 часот наутро по средноевропско време ќе им бидат домаќини на Вориорс во Лос Анџелес и ќе се обидат да се изборат за решавачкиот седми натрпевар.

Победникот од оваа серија во финалето на Западната конференција ќе игра против Хјустон Рокитс кои со 4-1 ги елиминираа Јута Џез. Рокитс до победата од 100:93 во нивниот „Тојота Центар“ ги предводеше Џејмс Харден со 26 коша. Кај гостите најдобар стрелец бепе Ројс О’Нил со 18 кошев.