Екипата на ЛА клиперс ја продолжува победничката серија со која полека, но сигурно, се искачува на табелата во Западната конференција. Во синоќешниот натпревар, Клиперси славеа против Портланд со 117:109 со што дојдоа до петтиот триумф во низа.
Ваквата триумфална серија го доведе тимот од Лос Анџелес до делба на 5-7 место на Западот со скор од шест победи и четири порази.
Предводник на клиперси во триумфот беше Пол Џорџ со учинок од 24 поени, девет скокови и седум асистенции, а огромна помош оимаше и од Реџи Џексон со 23 поени и шест асистенции и Николас Батум со 22 поени и шест скокови.
Кај Портланд најефикасни беа Демијан Лилард со 27 и Норман Паулке со 23 поени, додека Јусуф Нуркиќ ја заврши средбата со 15 поени, 13 скокови и шест асистенции.
Резултати од останатите натпревари:
Филаделфија – Милвоки 109:118
Јута – Атланта 110:98