Кошаркарите на Кливленд Кавалирс со убедливи 99:78 ги победија Хјустон Рокетс во последниот натпревар од летната НБА лига одигран во Лас Вегас.
Победничкиот тим го предводеа 23-годишниот центар Исаја Мобли со 28 поени, 11 скока и три асистенции и 27-годишниот шутерџија Сем Мерил, кој погоди шест „тројки“ од 12 обиди и го заврши натпреварот со 27 поени. И двајцата ја минаа минатата сезона во развојната НБА Џи лига играјќи за Кливленд Чарџ, а Мобли исто така ја доби наградата за најкорисен играч во финалето.
Пикот на Кливленд во втората рунда оваа година, 19-годишното крило Емони Бејтс, постигна 19 поени за победниците.
Победничкиот трофеј му беше врачен на селекторот на оваа екипа Мајк Герити.
За Хјустон најдобар беше 24-годишниот чувар Нејт Хинтон со 18 поени и 10 скока.