Кливленд го совлада Милвоки, Минесота подобра од Хјустон

Кошаркарите на Атланта загубија на свој терен од Шарлот со резултат 122-118 во еден од највпчеатливите натпревари од богатата НБА ноќ.

Хоукси ја прекинаа серијата од пет победи и со скор 24-23 се осми во Источната конференција, додека Шарлот е на дното со скор од 13-34.  Тери Розиер ги предводеше гостите со 34 поени (7/13 за три поени), три скока и пет асистенции, Мејсон Пламли додаде 25 поени, со 11 скока, а Пи Џеј Вашингтон 23 поени со по шест скока и асистенции.

Во поразениот тим Дежонте Мареј постигна 26 поени (4/6 за три поени), а Деандре Хантер и Треј Јанг запишаа по 25 поени.

Кливленд го совлада Милвоки пред своите навивачи со 114-102 и со учинок 29-19 моментално е петти на Истокот. Бакси имаат два порази помалку.

Еван Мобли, третиот пик на драфтот во 2021 година, блескаше со 38 поени (19/27 од поле, 0/2 од три поени), девет скока и три асистенции,

Дариус Гарланд запиша 21 поени со 10 асистенции, а Карис Леверт и Џеди Осман по 13 поени. Во поразениот тим го немаше Јанис Адетокумбо, но се истакнаа Џру Холидеј со 28 поени, 4 скока и 10 асистенции и Боби Портис со 23 поени и 11 скока.

Минесота беше подобра од Хјустон со 113-104 со 44 поени на Ентони Едвардс (8/16 за три), додека на другата страна одличен беше Алперин Шенгун со 19 поени, 16 скока и 7 асистенции.

Резултати:
Торонто – Бостон 104:106
Вашингтон – Орландо 138:118
Атланта – Шарлот 118:122
Кливленд – Милвоки 114:102
Минесота – Хјустон 113:104
Феникс – Индијана 112:107
Сакраменто – Филаделфија 127:129