Клобучар се повлече од трката за потпретседател – „момент за црномуреста кандидатка“

Американската сенаторка Ејми Џин Клобучар се повлече од кругот потенцијални потпретседателски кандидати на Демократската партија за претседателскиот кандидат Џо Бајден, порачувајќи дека „историскиот момент“ бара демократскиот потпретседателски кандидат првпат да биде жена која не е бела.

„Ова е моментот да поставиме жена којашто не е бела (woman of color), а има толку многу извонредно квалификувани жени. Ако сакате веднаш да ја излекувате нацијата (…), ова е сигурно вистинскиот начин за тоа“, изјави Клобучар во интервјуто за телевизиската мрежа MSNBC и додаде дека претходниот ден разговарала за тоа со Бајден.

Бајден, кој на 3-ти ноември ќе се соочи со актуелниот републикански претседател Доналд Трамп, е под притисок во Демократската партија да избере афроамериканка за потпретседателска кандидатка, во напорите да се осигураат гласовите од малцинските заедници и да се искористат актуелните расни турбуленции во американското општество по тензиите по полициското убиство на црнецот Џорџ Флојд кон крајот на мај, по што избувнаа масовни протести ширум САД придружувани од грабаже и насислатва.

Бајден вети дека ќе избере жена, а неколку црномурести кандидатки се споменуваат во тој контекст, вклучително и сенаторката Камала Харис и претеничката во Претставничкиот дом на Конгресот, Вал Демингс.

Некои од афроамериканските лидери и активист порачаа дека црна потрпетедателска кандидатка би им покажало на афроамериканските гласачи, коишто се сметаат за клучната компонента во избирачката база на Демократската партија, дека Бајден е доследен на детектирањето на проблемите како што се реформите на кривичното правосудство и пречекорувањето на полициските овластувања.

Според истражувањата, на минатите претседателски избори во 2016 година, помалку од 10 отсто од афроамериканците гласале за Доналд Трамп, додека популарноста на Бајден кај афроамериканците била клучна за неговата победа на предизборите во Демократската партија.

Ејми Клобучар, која доаѓа од сојузната држава Минесота и има словенечко потекло, претходно беше обвинителка во округот кој го вклучува и градот Минеаполис, каде на 25-ти мај 46-годишниот Џорџ Флојд беше задушен со деветминутен притисок врз вратот од белиот полицаец Дерек Шовен.

Клобучар била обвинителка во 2006 година, кога полицаецот Дерек Шовен бил вмешан во полициско убиство на црнец кој претходно со нож избодел неколку луѓе. И тоагаш и сега се појавија тврдења дека токму Клобучар имала улога во отфрлањето на обвинението против Шовен, што таа го негира.

Инаку жените само двапати во истиријата на САД биле потпретседателски кандидати на двете најголеми американски партии. Џералдина Фераро беше потпретседателски кандидат на демократот Волтер Мондејл (Валтер Фредерик „Фриц“ Мондејл) во 1984 година, кој загуби од републиканецот Роналд Реган, додека републиканката Сара Пејлин во 2008 година беше потпретседалски кандидат на Џон Меккејн кој загуби од демократот Барак Обама.