Американската ријалити ѕвезда Клои Кардашијан (35) се прослави во 2007 година кога нејзиното семејство Кардашијан-Џенер започна да снима ријалити шоу под називот „ Keeping Up With The Kardashians“, а сега оваа убавица сака да ја продаде својата вила во Лос Анџелес.
Имено, телевизиската личност во 2013 година додека беше во брак со поранешниот кошаркар Ламар Одом (40), купи вила во Холивуд и тоа од канадскиот пејач Џастин Бибер (26), која во тоа време ја плати 9 милиони долари.
Имотот се простира на повеќе од половина хектар, а самата куќа во населбата Калабасас во Калифорнија има повеќе од 1000 метри квадратни.
Меѓутоа, она што резиденцијата ја прави спектaкуларна е фактот што собите се уредени на многу посебен начин и ќе им се допаднат на многумина кои сакаат пастелни бои во ентериерот.
Куќата и градината се покажани во реномираниот магазин „ Architectural Digest“, заедно со куќата на нејзината сестра Клои која живее во близина. Сестрите го ангажираа истиот дизајнер, па се гледа неговиот печат.
Во куќата има елегантен базен, но посебно внимание привлекува големиот и преубав двор со многу цвеќе.
Куќата е понудена за продажба во мај оваа година за скоро 19 милиони долари, што значи дека Клои ќе има профит од 10 милиони долари во однос на платената цена во 2013 година.